Петровска одговори на обвинувањата од Димче Арсов: За да се борите против криминалот треба да го осудите и во сопствените редови

-За да се борите против криминалот треба да го осудите криминалот во сопствените редови. Следниот пат кога ќе застанете пред камера со обвинувања, прво проверете дали ги знаете сите информации или сте наседнале на нечија провокација или непознавање, му порача дополнителната заменик-министерка во МВР Славјанка Петровска на потпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски кој вечерва гостува во емисијата „Само вистина“.
-Постапката за набавка на обрасците за лични документи е спроведена и договорот е склучен согласно Законот за јавни набавки.Институциите работат и ќе ги испитаат сите наоди, па макар тие биле и паушални обвинувања поттикнати од партиски интереси. За ваша информација, компанијата која ја обвинувате за соучесник во наводен корупциски криминал е германска компанија во која 40% сопственик е државата, СР Германија, рече Петровска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e