Пендаровски со честитка за тимот на „Медена земја“: Филмот има огромен придонес за нашата афирмација во меѓународни рамки

Претседателот на државата Стево Пендаровски упати честитки до тимот на филмот кој постигна историски успех со двете номинации на Оскар.

„Честитки за тимот на „Медена земја“ за двете номинации за Оскари2020, успех кој за првпат го постигнува македонски филм! „Медена земја“ има огромен придонес за нашата афирмација во меѓународни рамки, но и за едукацијата и јакнење на граѓанската свест за нашето влијание на балансот во природата. Да инвестираме и поддржуваме уште многу културни производи кои го поттикнуваат креативниот потенцијал на нашето општество.“, пишува Пендаровски во честитката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e