Павле Богоевски поднесе оставка

Пратеникот Павле Богоевски денеска поднесе оставка од функцијата пратеник, поради аудио-снимката која се појави на социјалните мрежи, каде се слуша како тој нарачува нелегална супстанца, за која тврди дека се работело за масло од канабис.

Оставката ја објави на почетокот на седницата на Комисијата за мандатни и имунитетни прашања, со која претседава и рече дека ја поднесува од морални и етички причини.

„Колеги пратеници останете верни на принципите. Знам дека политиката е валкана игра – кажа Богоевски.

„Почитувана јавност, гласот за одземање на мандатот ќе биде мојот последен глас во ова Собрание. Оваа одлука ја донесов кога се пријавував во полиција. Не би сакал мојата пратеничка функција да влијае на правосудните органи кои ќе го истражуваат овој случај“
Оставката на Богоевски треба да биде констатирана и на собраниска седница. Денешната седница на комисијата за деловничко – имунитетни прашања ја прекина и најави дека дополнително ќе ја закаже. На дневен ред на комисијата беше одземањето на пратеничкиот мандат на Никола Груевски кој е во бегство и шест месеци не присуствува во Собранието.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e