Павле Богоевски: Ќе ја симнеме од власт најбогатата партија во Европа

“11ти декември ќе биде најважниот датум во нашата понова историја, не смее да има забуни околу тоа. Ние ќе ја симнеме од власт најбогатата партија во Европа, чиј раководен клан ја присвои секоја пора од нашата држава. И сето тоа ќе го направиме на мирен и културен начин – преку избори.

Потоа почнува тешкиот дел. Потоа почнува макотрпната работа на реализирање на сето тоа за што со години протестиравме по улиците. За поставувањето на нашата држава на стабилни нозе и уверувањето дека никогш нема да ни се повтори груевски.

Ви благодарам за довербата и поддршката, друштво. Не можам да ви опишам од колкава помош ми беше тоа во овие месеци. Но, ниту сакам, ниту очекувам довербата и поддршката да бидат безрезервни. Напротив, од моите соборци и соборки ја очекувам истата критичност како кон режимот.

Дури и сметам на тоа. Бидејќи промената почнува од нас.”

Фејсбук статус на Павле Богоевски, активист на Шарената Револуција

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e