Падна првиот снег во Северна Македонија

Откако вчера во Република Србија на Копаоник падна првиот снег, ова утро студениот бран кој ја зафати Македонија го донесе првиот снег за оваа сезона и во нашата држава. Во текот на изминатата ноќ на Попова Шапка температурата се спушти до околу 0 степени и се создаде и тенка снежна покривка, соопшти Славчо Попоски на својот Фејсбук профил.

До сабота утринските температури ќе бидат многу ниски и на некои од повисоките места ќе се спуштат и до 0 степени. Во петок и за викендот дневната температура брзо ќе се покачи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e