Ова е бруталниот убиец кој уби и запали Битолчанец

Истетовиран билдер . Со овие два збора може да се опише полицаецот Енвер Тоска (24) кој што на брутален начин уби 36 годишен Битолчанец.

Осомничениот за свирепото убиство доби 30 дена притвор а ќе одговара за убиство имајќи предвид дека го призна делото . Тоска го убил сопственикот на локална продавница, инаку негов пријател Бекир Алили со службениот пиштол, а потоа неговото тело го запалил откако претходно го намамил со оглас за возило.

Тоска е вработен во МВР пред три години, а на Фјесбук после убиството ставил  фотографија фотомонтажа со заменик министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу.

enver

Грозоморниот чин кој го извршил Тоска предизвика лавина од коментари на социјалните мрежи а граѓаните со право се загрижени и прашуваат какви се лица се вработуваат во институцијата која треба да се грижи за безбедноста.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e