Отворен повикот за „ФинХакатон2“ – за креативно решение за „МојДДВ, МојаНаграда“

Денеска во просториите на Фондот за иновации и технолошки развој се одржа инфо сесија за презентација на повикот „ФинХакатон2“ чија цел е изготвување на иновативна маркетинг стратегија, поточно креативно решение за за наградна игра „МојДДВ, МојаНаграда“.

„ФинХакатон 2“ е наменет за маркетинг агенции и други домашни компании кои може да понудат иновативна маркетинг стратегија во која ќе бидат вклучени и студенти со цел зголемување на бројот на активни корисници на апликацијата „Мој ДДВ“ преку која враќаат дел од своите средства.

На презентацијата учествуваа министерката за финансии Нина Ангеловска и директотот на ФИТР Јован Деспотовски.

Ангеловска истакна дека по примерот на развиените земји, наместо преку тендерски постапки, се одлучиле со ваков повик да изнајдат креативно решение за кревање на даночниот морал, односно намалување на сивата економија и одговорно однесување кон Буџетот на држава.

-Со „МојДДВ, МојаНаграда“ се предвидени парични награди на дневно и месечно ниво, но и две главни награди. Во наградната игра ќе учествуваат и оние фискални со 0 отсто поврат на ДДВ-то. – рече Ангеловска истакнувајќи дека е задоволна од досегашната реализација на „МојДДВ“.

-Апликацијата за поврат на средства преку скенирање на фискални сметки ја користат 170 000 граѓани на месечно ниво, а 200 000 ја симнале апликацијата. Наплатата на ДДВ-то е зголемена за 23 отсто. На почетокот на декември, односно во периодот од 1-15-ти декември ќе следи првата исплата за „МојДДВ“ за кварталот јули, август и септември, а вкупно 3 милиони денари ќе легнат на сметките на граѓаните. – појасни Ангеловска.

Директорот на ФИТР рече дека ова е втор повик за соработка со Финансии, а е дел од пошироката иницијатива за вклучување на младите во креирањето на јавните политики.

Маркетинг агенциите на повикот „ФинХакатон2“може да аплицираат до 27-ми ноември со иновативна маркетинг стратегија во чија изработка ќе бидат вклучени и студенти  од областа на економија, право, организациски студии, дизајн, односи со јавност или сродни студии. Буџетот за имплеметација на маркетинг стратегијате ќе изнесува два милиони денари.

Наградниот фонд за „МојДДВ, МојаНаграда“ ќе изнесува половина милион евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e