Османи: Треба да се продолжи со реформите во судството

Донесување законот за СЈО или ЈО, би било добро да се случи во периодов треба да продолжиме со реформи, но тоа не е не во контекст на исполнување критериуми за добивање датум за преговори, ние веќе ги исполнивме сите критериуми, вели вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи.

– Формално законот за ЈО не е услов за добивање датум за преговори,но впечаток од последниот министерски совет на ЕУ во ноември, е дека повеќето министри имале впечаток дека би било добро да имаме закон за јавно обвинителство до февруари, најдоцна март. Уште еден повик до политичките партии да смогнат сили да најдат решение за законот за ЈО со што би се регулирала антикорупциската политика, вели Османи.

Вицепремиерот во однос на најавениот ветинг во правосудството истакна дека оваа влада тоа го гледа како суштински процес, во кој освен судиите и јавните обвинители, треба да бидат опфатени и носители на јавни функции.

-Очигледно е дека треба хируршки зафати во делот на враќање на правдата во државата. Треба да започнеме со нов план и суштинска реформа за судстовото, но повторно да напоменам тоа не е критериум и не е поврзано со датумот за преговори, вели Османи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e