Општина Бутел со демант: Смилевски нема ниту телохранител, ниту личен возач

„Градоначалникот на Општина Бутел категорично и целосно ја отфрла содржината на насловот и прилогот како невистинити, односно лажни и тенденциозен, се со цел да се оцрни и доведе во негативна конотација неговата углед и чест како Градоначалник на Општина Бутел но и како личност“, реагираат од Општина Бутел на информациите во некои портали, во кои се тврди дека телохранителот на градоначалникот на Бутел до бесознание претепал вработен во општината.

„Градоначалникот ниту има свој телохранител, ниту има свој личен возач како што во објавената лажна вест се потенцира и се создава лажна слика пред јавноста, ниту пак има било каква поврзаност со случениот настан“. Оттаму бараат од сите портали кои ја имаат објавено или превземено оваа лажна вест веднаш да го повлечат текстот и содржината наслов и јавно да се извината преку објава на нивните медиуми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e