Опсежната полициска акција за расветлување на настанот во Палас се уште трае, велат од МВР

Министерството за внатрешни работи за Локално потврдува дека во моментов на распит во полициската станица Карпош се две лица поврзани со пукањето во хотелот Александар Палас.

„Изминатото деноноќие полицијата презеде оперативно тактички активности со цел расветлување на настанот во Александар Палас. Приведени се две лица кои се поврзани со овој настан и со кои се обавуваат истражни разговори. Со оглед на тоа дека станува збор за опсежна полициска операција која е во тек, во овој момент детали нема да бидат соопштени“, вели за Локално портпаролката на СВР Скопје, Лиза Бендевска.

Двете приведени лица се дел од групата која во моментот се наоѓала во хотелот, а кои испраќале пораки до полицијата дека полицајци се виновни за престрелката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ