Од оперативни сознанија знам дека Дурловски, Дамовски и Бетмен беа плаќани од ВМРО-ДПМНЕ, ѝ одговори Нинџа на Русковска

на вкрстено прашање, дали биле плаќани водачите на „За заедничка Македонија“ Игор Дурловски, Богдан Илиевски – Бетмен, Борис Дамовски и Владо Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ, или протестите ги воделе од патриотски причини, Нинџа одговори:

„Јас не сум ги видел со свои очи што имаа во џебовите кога излегуваа откај Кирил Божиновски, но од оперативни сознанија на Петтата управа знам дека биле плаќани од ВМРО-ДПМНЕ. Впрочем и Никола Бошкоски ми кажа дека за тоа го информирал директорот на УБК Владимир Атанасовски“.

На прашање, пак, од обвинетиот Никола Митревски-Кољо, Александар Василевски-Нинџа одговори дека сите обвинети се искористени од ВМРО-ДПМНЕ и од раководството на УБК за нивни лични цели и оти чувствува голема горчина во душата за тоа.

Фото: СДК

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e