Од ноќеска поефтини горива – Ова се новите цени!

Веќе навикнавме дека нашата регулаторната комисија за енергетика секои две недели нé изненадува со нови цени на горивата – овој пат со пониски од досегашните.
Не многу, но доволно да се израдуваме – од утре малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените се намалуваат во просек за 4,01%, што значи дека на бензинска пумпа за литар бензин ќе ни побараат 1,50 денари, а за литар дизел 2,50 денари помалку. Или, поинаку кажано, литар Еуросупер БС-95 ќе нé чини 61,50 денари, Еуросупер БС-98 63,50 денари, а литар Еуродизел Д-Е V 58,50 денари. Можеме да ви образложиме и зошто, но овој пат тоа ќе го прескокнеме – до наредната одлука на нашата регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, како што сега се вика.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e