Од денеска во функција Национален регистар на вистински сопственици

Национален регистар на вистински сопственици е во функција од денеска, со што и Централниот регистар се вклучува во борбата против против перењето пари и финансирањето тероризам.

Постоечките правни лица имаат рок од 90 дена да ги внесат потребните податоци, а за новосонованите рокот за да ги запишат вистинските сопственици изнесува осум дена. Во спротивно, како што најавија надлжените институции, ќе се соочат со финансиски проблеми.

Директорката на Централниот регистар Марија Бошковска Јанковски на промоцијата ги повика сите правни субјекти да се пријават во регистарот, потенцирајќи дека податоците ќе бидат отворени за целата јавност и до информација за вистински сопственик ќе може да дојде секој граѓанин.

Според вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски, со регистарот во периодот што следува институциите во државата добиваат уште една квалитетна алка за борба против перењето пари и финансирањето тероризам.

-Целта на Регистарот е да навлезе длабоко во сопственичката структура на правните субјекти за транспарентно да објави кој е тој што реално профитира од работата на компаниите во нашата земја скриен зад комплексната слоевита правна структура, рече Николовски.

Регистарот е имплементиран со финансиска поддршка од Германското друштво за интернационална соработка ГИС, а како обврска од усогласувањето со европското законодавство.

Над 200 потенцијални подносители на податоците досега посетиле обуки, а таквите активности ќе продолжат и во наредниот период.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e