Нова одбиена жалба на СЈО

Кривичниот совет ја одби жалбата на Специјалното јавно обвинителство за одлуката на судија на претходна постапка да не им се одземат пасошите на министерката Елизабета Канческа-Милевска, и уште еден осомничен во случајот „Тендери“.

Освен одземање на пасошите, СЈО бараше на двете осомничени лица да им биде наложено еднаш неделно да се јавуваат кај службено лице, што е исто така одбиено од страна на Судот.

„Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1, постапувајќи по жалба на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите (СЈО) изјавена против решение на судија на претходна постапка од 28 октоври 2016 година во предметот на СЈО познат како „Тендери“, донесе решение со кое жалбата на обвинителството се одбива, а се потврдува решението на судија на претходна постапка“, соопшти Кривичен.

Канческа-Милевска е првоосомничена во случајот за малверзации со тендерот за извршување градежни работи во Музејот на ВМРО, од проектот „Скопје 2014“, со што буџетот, според СЈО, бил оштетен за околу 54 милиони денари.

Министерката по распитот на 28.октомври, реагираше дека станувало збор за “политички театар“ на СДСМ во кој со поддршка учествувало и СЈО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e