Нинџа ја посочи Бришкоска како еден од главните организатори, таа упати јасна порака

Поранешната заменичка во министерството за правда Билјана Бришкоска – Бошковски за 1ТВ вели дека е запрепастена од невистинитоста на исказот на сведокот Александар Василевски – Нинџа, и целосно го отфрла како невистинит.

– Во врска со наводите пренесени во медиумите од сведочењето на обвинетото лице Александар Василевски, можам само да изјавам дека сум запрепастена од невистинитоста на исказот на сведокот кој се однесува на мене и целосно го отфрлам како неточен“, вели Бришкоска-Бошкоски за 1ТВ.

На денешното сведочење во Кривичниот суд Нинџа изјави дека Билјана Бришкоска-Бошковски го контактирала Трајко Велјаноски од осмиот кат на седиштетото на ВМРО-ДПМНЕ и му дала наредба на Велјаноски да бидат отворени влезните врати во Собранието.

Бришкоска-Бошковски е обвинета во предметот „Титаник“ на СЈО за злосторничко здружување и фалсификување исправа.

Извор: 1ТВ.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e