Николовски во Штип: Во оваа здравствена криза мора да се грижиме да го зачуваме секое работно место

Вицепремиерот за борба против корупција, одржлив развој и човечки ресурси денеска беше во посета на Штип каде оствари средба со директорката на Државниот инспекторат за труд, Јована Тренчевска и дел од инспекторите од регионот.

2

На средбата се разговарало за тековните надзори и предизвици со кои се соочуваат на терен.
„Во овој период на пандемија предизвикана од коронавирусот, освен заштитата на јавното здравје, од огромна важност е да нема прекин во активностите на производствените капацитети. Исклучително е важно работодавачите да обезбедат безбедни услови за работа преку почитување на правата на работниците и заштита на нивното здравје.“ – рече Николовски по средбата.

1
„Државниот инспекторат за труд е клучниот контролен механизам за надзор врз примена на уредби и здравствени протоколи на работни места. Работниците се моторот на нашата економија и во оваа здравствена криза мора да се грижиме за да го зачуваме секое работно место.“ – посочи Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e