Николовски во Катланово: До крајот на мандатот ќе ја вратиме економијата на солиден и одржлив раст од 4%

„Две и пол години не се долг период. Сепак и за толку малку време направивме голем пресврт. Со чесно и домаќинско работење го вративме достоинството на граѓаните, ја зголемивме вредноста на трудот, ги враќаме парите кај граѓаните.Секое семејство живее подобро. Секое семејство има повеќе приходи.“- порача денес од Кталаново Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ и носител на кандидатската листа во ИЕ 3.

Тој информираше дека минималната плата е зголемена од 9.000 денари на 14.500 денари, а како што рече просечната плата исто така постојано расте.

„Расте и социјалната помош и тоа за неверојатни 300 отсто. Тоа се реални пари, тоа е реално подобар живот за сите. Не се фрлаат пари за лажни фасади, за врби, за сметки на Белизе. И тука не застануваме! Не сме направиле се’. Можеме уште повеќе и уште подобро.“ – рече Николовски.

„Имаме план за уште повисока минимална плата до 20.000 денари, тоа е за 120 отсто повисока плата од мизерните и срамни 9 илјади кои ВМРО-ДПМНЕ ги одвоија за минимална плата. Ќе расте и просечната плата до 34.000 денари, ќе растат и пензиите.“ – рече Николовски кој пред граѓаните, како што истакна, се обврзува на нови цели, решенија за сите граѓани, решенија за подобра иднина.

„Носиме нова македонска развојна економија, која ги штити работниците и носи повисоки плати и нови работни места. Го зголемуваме и повратот на пари кај граѓаните од ДДВ, од 600 на 800 денари. Заедно со сите вас, ја спречуваме сивата економија.“ – појасни Николовски.

Тој заклучи дека со домаќинско работење секогаш има пари за граѓаните.

„До крајот на мандатот ќе ја вратиме нашата економија на солиден и одржлив раст од 4 проценти. Изборот е јасен, разликата е видлива. Од една страна е концептот на СДСМ и парите кај граѓаните, од друга страна е ВМРО-ДПМНЕ која парите од граѓаните ги носи на Белизе.Сакаме безбедност и сигурна држава која живее во мир или сакаме обнова. Обнова на режимот, обнова на притисоците, обнова на нарачаните инспекции, обнова на списоците.“ – рече Николовски од Катланово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e