Николовски пред велешани: Преку „Мој ДДВ“ за само три квартали граѓаните добиле над 10 милиони евра

„За овие две и пол години видовме дека со домаќинско работење е можно, и тоа за краток временски период, да ја качиме минималната плата за 60 процент, односнои од 9.000 на 14.500 денари. Во следниот мандат нашиот збор е дека минималната плата ќе ја покачиме за 120 проценти од износот на ВМРО-ДПМНЕ, односно на 20 илјади денари. За жал истите кадри од времето на режимот на Никола Груевски, кои 11 години ја држеа замрзната минималната плата, денеска сеуште се во врвот на ВМРО-ДПМНЕ и тврдат дека е невозможно да се зголеми минамланата плата. Еве се виде дека возможно, затоа што се работи домаќински и затоа што парите се враќаат кај граѓаните, а не се носат на Белизе, како што правеа тие“, порача на денешната трибина во Велес, генералниот секретар на СДСМ и носител на ИЕ 3 на Коалицијата „Можеме“, Љупчо Николовски.

Тој нагласи дека за само три квартали граѓаните добиле над 10 милиони евра преку проектот „Мој ДДВ“ и најави дека во новиот мандат износот за поврат на ДДВ ќе се зголеми од 600 на 800 денари.

„Денеска со стопанствениците во Велес разговарав и тие се задоволни и од мерките од Владата за санирање на штетите од коронакризата. Во Велес 9964 граѓани веќе добиле платежни картички од по 9000 денари, млади, невработени за кои државта се грижи. Денеска 3600 вработени во Велес, во ваква криза, преку нивните фирми добиле субвенции на плата во износ од 14,500 денари. Над 160 компании од Велес добиле бескаматни кредити. Денес парите се враќаат во стопанството и кај граѓаните затоа што се работи домаќински“, рече Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e