Николовски: Постоиме за граѓаните и ние сме тие што ќе им ги решаваме проблемите!

На денешниот 25. Конгрес на Социјалдемократскиот Сојуз кој се одржуваше он-лајн генералниот секретар на партијата Љупчо Николовски во своето обраќање го соопшти, како што рече, новиот момент во развојот на партијата, а тоа е дека ќе има од два до четири потпретседатели.

– СДСМ за првпат воведува мониторинг систем за работата на општинските организации. Тоа ќе го надградиме. Реализацијата на дадените задачи од страна на раководството на партијата, во предвидениот календар на активности којшто важи за сите, останува врвен приоритет,  рече Николовски.
Тој посочи дека очекува победа на локалните избори затоа што, како што рече, во партијата нема застанување, во интерес на граѓаните.

– Од секој наш член очекувам максимален ангажман. Нема застанување. Постоиме за граѓаните и ние сме тие што ќе им ги решаваме проблемите. Очекувам победа на следните локални избори во земјава. Ние сме пример за другите партии , рече генералниот секретар на владејачката партија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e