Николовски: Овозможуваме подобрување на ефикасноста на јавните институции, квалитетот на услугите, како и задоволството на граѓаните

Правиме голем чекор во борбата против корупција, посочи вицепремиерот за за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.

„За прв пат добиваме дигитален канал за пријава на поплаки поврзани со услугите кои ги дава јавната администрација. Брзо, лесно, дискретно, со гарантиран фидбек и реакција.
Чест ми е што со министерот за информатичко општество и администрација, г. Јетон Шаќири, го претставуваме новиот „Електронскиот систем за онлајн поднесување пријави и следење на предмети”.
Овозможуваме подобрување на ефикасноста на јавните институции, квалитетот на услугите, како и задоволството на граѓаните и правните лица од администрацијата“, истакна Николовски.

Николовски изрази голема благодарност до Проектот на УСАИД за граѓанско учество со чија финансиска поддршка беше реализиран оваа активност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e