Николовски на средба со тутунопроизводителите: Силно ќе се борам во Владата за секој еден сектор во рамки на земјоделството

Министерот Љупчо Николовски денешниот прв работен ден како министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, го започна на терен со средба со тутунопроизводителите и оваа пракса на отворени и секојдневни средби со сите земјоделци ќе ја продолжи и во наредниот период.
Nikolovski1„Секогаш ќе бидеме на терен со земјоделците, секогаш ќе го слушаме гласот на земјоделците, заеднички ќе создаваме мерки и ќе ги решаваме проблемите“, истакна Николовски.

Николовски нагласи дела силно ќе се бори во Владата за секој еден сектор во рамки на земјоделството.
Nikolovski„Да ја зголемуваме поддршката, да правиме нови реформи за унапредување на земјоделството.
Со ефикасни и системски мерки ќе покажеме дека македонскиот земјоделец има потенцијал и дека земјоделството може да биде профитабилна дејност, којашто рамноправно со другите дејности ќе учествува во вкупниот економски раст“, посочи Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e