Николовски на состанок со претставници од Светската банка, разговарано за започнување на постапката на проектот за модернизација на земјоделството во С. Македонија

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство утрово имаше состанок со претставници од Светската банка.

Разговаравме за започнување на постапката на проектот за модернизација на земјоделството во Република Северна Македонија, соопшти Николовски.

„Овој голем и значаен проект опфаќа промовирање на конкурентноста во земјоделскиот сектор, како и изградба на откупно дистрибутивни центри во Скопје, Ресен и Струмица.
Дополнително со овој проект ги зајакнуваме капацитетите на #МЗШВ за управување со земјоделско земјиште во државна сопственост, ги зајакнуваме имплементирачките капацитети на Платежната агенција, и воведуваме систем за безбедно отстранување на нуспроизводи од животинско потекло.
Ја продолжуваме и продлабочуваме соработката, работиме во интерес на граѓаните“, истакна Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e