Николовски: Летово нема да запреме со активностите, ќе ги селектираме и одбереме најдобрите кандидати за градоначалници

Раководството на СДСМ викендов во Струга ќе ја доработи стратегијата за претстојните локални избори, а ќе паднат и првите одлуки за кандидатите за градоначалници, најави вицепремиерот за борба против корупцијата и генерален секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.

Во вечерашното гостување на ТВ Сител, Николовски истакна дека е во тек повикот за пријавување кандидати за градоначниици кои не мора да се членови на СДСМ. Постапките течат, а рокот е до 30 јуни.

-Интерните и анкетата на ИРИ покажуваат дека и СДСМ и коалицијата е фаворит на претстојните локални избори. Имаме висока реализација на проектите и ветувањата, како и предкампањска активност во која најавивме 1.000 средби со граѓаните. Секој ден нашите функционери се на терен, одговараат на прашања, даваат извештај за сработеното, но и ги прибираат идеите. Овој викенд раководството на СДСМ ќе биде два дена во Струга каде ќе ја доработиме стратегијата за настап на локалните избори каде ќе паднат очигледно првите одлуки за првите кандидати за градоначалници. Летово нема да запреме со активностите, а ќе ги селектираме и одбереме најдборите, потенцира Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e