Николовски: Интересите на државата се, и секогаш треба да бидат, над сè!

Вицепремиерот за за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски истакна дека с​о потпишување на Писмото до избрани и именувани лица, од Кодексот за етичко однесување на членовите на Владата и носители на јавни функции именувани од страна на Владата, согласно член 13 од Кодексот, би сакал да ги известам сите носителите на извршни функции, при учеството во партиски активности како членови и носители на функции во политички партии, кандидирање или застапување на партии и кандидати за локални, парламентарни или претседателски избори, не смеат да ја загрозат професионалноста и достапноста на вршење на функцијата, односно должноста и секогаш приоритет ќе има јавната функција, односно должност.

„Со ова испраќам порака до сите нив, дека интересите на државата се, и секогаш треба да бидат, над сè!“, нагласи Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e