Николовски: Иако, мојот кабинет, не постапуваме по пристигнатите претставки, се осигуруваме дека завршуваат на вистинското место

-До мојот кабинет постојано пристигнуваат претставки. Сепак, ние немаме алатки и законски ингеренции за постапување по нив. Но, постојат два важни аспекти кои ги имаме на располагање: максимална достапност за граѓаните и координација со институциите,  изјави заменикот на Претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски во вечерашното гостување во „Тема на денот“, во дневникот на телевизија Сител.
-Иако ние не постапуваме по пристигнатите претставки, се осигуруваме дека завршуваат на вистинското место и по нив се постапува. Во моментов се актуелни неколку големи случаи за кои сме алармирале до надлежните институции и притоа повторно користам прилика да повикам на одговорност за истите и целосно расветлување на случаите во најскор рок, рече Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e