Николовски и Заев се откажаа од средствата за патни трошоци!

Претседателот на СДСМ Зоран Заев и генералниот секретар на партијата Љупчо Николовски со сопствен пример покажаа дека предизборните ветувања за нив не се само празни зборови и на дело покажаа дека и во пракса е можно да се работи чесно, посветено и во интерес на граѓаните.
Имено, Заев и Николовски во текот на вчерашниот ден потпишаа официјални изјави со кои се откажуваат од средствата за патни трошоци.

„Укинувањето на патните трошоци за пратениците е изборно ветување на СДСМ и наша програмска определба.
За да дадеме пример, да бидеме оние од кои оваа иницијатива тргнува во пракса, вчера заедно со претседателот на СДСМ, Зоран Заев, ги потпишавме изјавите со кои јас и тој, официјално се откажуваме од средствата кои ни следуваат на имe на патни трошоци.“ – порача Николовски кој се надева дека нивниот пример ќе биде поттик за колегите.

„Ги охрабрувам колегите од сите партии да го следат овој чекор. Да дадеме мал придонес во насочување на што повеќе пари кај граѓаните, кај оние на кои им се најпотребни. Можеме!“ – рече Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e