Николовски: Со дигитализацијата им овозможуваме на граѓаните да го добијат она што им следува, без компликации и без непотребни стресови

Дигитализацијата е една клучните мерки во Планот за борба против корупција и тоа значи брзи услуги за граѓаните, намалување на ризикот од корупција и неможност да се кријат предмети во фиока, изјави заменикот на Претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски во вечерашното гостување во „Тема на денот“, во дневникот на телевизија Сител.
Вицепремиерот Николовски, посочи дека со усвоената владина информација за дигитална трансформација, сите над 1300 институции имаат задолженија и рокови за поврзување на платформата за Интероперабилност и за користење на информациите од Централниот регистар на население при одредени постапки.

„Нема шалтери, нема политика само да прашам, нема доаѓање преку врски, нема корупција при прибавување на документи, не должите никому, овие документи по закон ви следуваат. Нема човечки фактор, што на некој начин ја намалува самата корупција. Дигитализацијата значи и целосно поврзување на институциите – неможност да се кријат предмети во фиока. Односно, самите обвинителства, финансиската полиција, финансиското разузнавање и останатите институции, кои спроведуваат истраги нема да губат време на прибавување на документации за самите предмети. Тоа значи дека не можат да ги чуваат предметите во фиоки и да не постапуваат. Тоа значи нема недопирливи и намалување на корупцијата на сите нивоа“, рече вицепремиерот Николовски.

.При тоа, Николовски посочи овој процес ги намалува трошоците, а институциите добија инструкции да сменат 157 закони, за да се овозможи реализацијата на процесот. Во следните месеци до 1-ви јули 2022 година, институциите треба ја набават потребната опрема којашто е наведена по спецификација.
„Ова значи дека од 1-ви јули 2022 година, до кога институциите добија рок, мора да ја набават потребната опрема, мора да се поврзат на платформата за Инетроперабилност, со што на граѓаните ќе им се овозможи не само да ги поднесуваат, туку и да ги добиваат барањата електронски, но и самите институции да бидат обврзани и да не ги бараат од граѓаните сите документи кои им се потребни. На пример, ако менувате лична карта заради промена на живеалиште, МВР автоматски ќе го добие имотниот лист за вашето ново живеалиште, ќе провери дали истиот е точен во Агенцијата за катастар на недвижности. Не поднесувате барање да ги обезбедувате сите овие документации и да ги носите во институциите, туку институциите по службена должност го прават тоа“, рече Николовски.
Во врска со преставките коишто пристигнуваат до Кабинетот, вицепремиерот Николовски потенцираше дека има голем број претставки од граѓаните, коишто навремено се доставуваат до Судскиот совет, до Државната комисија за спречување на корупцијата и до другите надлежни институции, за понатамошно постапување.

Во интервјуто, вицепремиерот Николовски изјави дека политичката волја и одлучност за сузбивање на корупцијата, како и мерките што Владата ги презема, се поздравени од амбасадорката на САД, Кејт Брнз.
„По средбата со амбасадорката Кејт Брнз можам да кажам дека имаме поддршка преку сите инструменти на УСАИД и американската амбасада, со силна порака дека ние со вакви политики сме на вистинскиот пат. Добро е што по 2003 имаме нова извршна наредба од САД, тоа дава насоки, заинтересираност на нашиот стратешки партнер и член на најелитниот безбедносен клуб, членка на НАТО“, рече Николовски, додавајќи дека Извршната наредба на претседателот на САД, Бајден, во којашто акцент е ставен и на борбата против корупцијата е силен и охрабрувачки мотив за Северна Македонија, дека е на вистинскиот пат во делот на преземање на мерки за сузбивање на корупцијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e