До недела стигнуваат 600.000 вакцини, најави Заев кој очекува до 1 септември да бидат вакцинирани преку 50 отсто од граѓаните

Премиерот Зоран Заев смета дека вакцинацијата во земјава добро се одвива. Тој очекува до 20 јули 500.000 граѓани да бидат имунизирани со две вакцини, а до 1 септември преку 600.000 граѓани или повеќе од 50 отсто.

Како што рече во вечерашното интервју на ТВ Телма, во петок треба да пристигнат уште 100.000 „фајзер“, а во недела со два чартер лета по 250.000 „синовак“ што е вкупно 600.000 вакцини.

Од понеделник, напомена премиерот, сите 180.000 граѓани кои се пријавени, ќе примаат вакцини.

-Вакцинацијата во земјава добро се одвива имајќи предвид дека таргетот е 1,2 милиона граѓани, но ако ги изземете децата и лицата кои не смеат да примат вакцина, да постигнеме некој таргет од 70 отсто, а до сега имаме околу 480.000 вакцини. Мислам дека ќе стигнеме до 20 јули 500.000 граѓани да се имунизираат со две вакцини. Тоа ни е сериозен таргет и сигурно уште 300.000 ќе бидат со една вакцина и ќе чекаат втора. Верувавм дека таргетите кои се поставени до 1 септември ќе ги исполниме за да постигнеме преку 50 отсто или преку 600.000 граѓани да бидат вакцинирани или преку 70 отсто, рече Заев и најави дека Владата ќе почне кампањи за максимизирање на бројките.

Во однос на тоа што многу граѓани отидоа во Србија да се вакцинираат, а тоа го правеа и изминативе денови, премиерот истакна дека оваа земја „најдобро се снајде“. кај нас, пак, додаде, нарачките одат како во сите земји и направено е се.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e