Не почна судењето на Панчевски

Денеска во Велешкиот суд не почна закажаното судење за поранешниот претседател на скопскиот Кривичен суд Владимир Панчевски.

Панчевски е обвинет дека како прв човек на Кривичниот суд го местел системот за распределба „Акмис“ и предметите за функционерите од претходната власт ги доделувал на судии за кои тој сметал дека треба да ги судат.

Имено, процесот против Панчевски се води во судот во Велес за да се избегне сомнеж за пристрасност во случај кога судењето би било во скопскиот суд. Меѓутоа, поранешниот прв човек на Кривичен поднесе барање за изземање на велешкиот суд како ненадлежен, кое му беше одбиено, а потоа тој поднесе жалба во Апелација. Бидејќи сѐ уште се чека одлука од второстепениот суд, денешното рочиште беше одложено.

Следното рочиште за предметот е закажано за 24 декември.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e