Нада Груевска го чека својот син во домот – верува дека ќе се врати, каде е Боркица Груевска?

Со своето бегство поради двегодишна затворска казна, Никола Груевски, ги стави во непријатна позиција, не само државата, неколку европски, а можеби во иднина и светски земји, туку и неговото потесно семејство.

Извесно е, дека сопругата Боркица Груевска, неговата мајка Нада, инаку родена сестра на Јордан Мијалков и тетка на Сашо Мијалков, ќе бидат предмет на интерес на безбедносните служби и би требало, во секоја нормална земја, да бидат под посебен надзор.

Ова секако во согласност со законот, а заради нивните идни контакти со пребеганиот Груевски, кој бара политички азил во Унгарија, чии дипломати му помогнаа преку Албанија, да стаса до Будимпешта, под закрила на имунитетот на дипломатските регистарски таблички и пасоши.

Неодамна министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, потврди дека мајката на Груевски, Нада, е во својот дом, бидејќи им отворила врата на полицајците кои дошле да направат уште една проверка, откако се расчу дека нејзиниот син ја напуштил државата.

Медиумите се интересираа дали сопругата Боркица оди на работа, а од Комисијата за хартии од вредност, одговориле дека посветено си ги извршува работните задачи.

„Госпоѓа Боркица Груевска во Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија е вработена од септември, 2002 година и секојдневно и посветено ги извршува работните задачи на работното место Координатор на Секторот за истражување и развој на пазарот на капитал и меѓународна соработка“ – кажаа за 1ТВ. Во соопштението на Комисијата уште и препорака, медиумите да ја почитуваат приватноста на семејството на Никола Груевски.

Извор: Ако.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e