МЗ: Регистрирани се 5 нови случаи на Ковид-19, почина 1 лице

Во последните 24 часа се направени 2.466 тестирања, а регистрирани се пет нови случаи на КОВИД-19. Регистрирани се осум оздравени пациенти и едно починато лице во болнички услови. Бројот на активни случаи изнесува 251, информираат од Министерството за здравство.

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа регистрирани се пет нови случаи на КОВИД-19 од Скопје – 3, Куманово и Тетово – по 1.

Регистрирани се 8 оздравени пациенти од: Скопје и Тетово – по 2, Кичево, Гевгелија, Валандово и Демир Хисар – по 1.

Пријавено е едно починато лице од Кичево (39г), починато во болнички услови.

Направени се 2.466 тестови преку: ИЈЗ-129, ЦЈЗ Скопје-51, ЦЈЗ Битола-63, ЦЈЗ Прилеп-25, ЦЈЗ Тетово–14, ЦЈЗ Куманово–36, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-3, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија-0, ГОБ 8-ми Септември-11, Институт за микробиологија–42, МАНУ-39, Жан Митрев (Филип Втори)-85, Авицена-153, Биотек-161, Систина-106, лабораторија Лаор-172, Синлаб-8, Ремедика-18, Плодност–35, Генеа–13, Никоб лаб-370, ВФВ Медикал-14, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 918.

Досега во земјата се направени вкупно 861.692 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.645, бројката на оздравени пациенти е 149.916, на починати е 5.478, а бројот на активни случаи изнесува 251.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна: Скопје – 92, Куманово – 34, Тетово – 24, Прилеп – 22, Охрид и Кичево по 16, Гостивар – 7, Битола и Струмица по 6, Крива Паланка – 5, Велес и Виница по 4, Кратово – 3, Радовиш и Демир Хисар по 2 и Штип, Струга, Кочани, Гевгелија, Делчево, Дебар, Крушево и Македонски Брод по 1.

Без активни случаи се Кавадарци, Неготино, Свети Николе, Ресен, Берово, Пробиштип, Валандово, Богданци, Демир Капија, Пехчево, Македонска Каменица и Дојран.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e