МЗ: Потврдени се 152 нови случаи на Ковид-19, починати нема

Нови 152 случаја позитивни на КОВИД-19 има во изминатите 24 часа од направени 1077 тестирања. Во изминатото деноноќие нема починати пациенти.

Од новодијагностицираните, 39 се во Скопје, 20 во Куманово, 15 во Гостивар, 14 во Штип, 13 во Струга, девет во Тетово, осум во Дебар, по пет случаи во Битола и Кавадарци, четири во Струмица, три во Охрид, Гевгелија и Делчево, два во Демир Хисар,
Македонски Брод и Кичево и по еден во Прилеп, Радовиш, Кочани, Кратово и Свети Николе.

Институтот за јавно здравје денеска регистрира 70 оздравени пациенти: 23 во Скопје, 13 во Свети Николе, по десет во Тетово и Гостивар, осум во Куманово и шест во Штип.

Досега се направени вкупно 95 169 тестирања на КОВИД-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупнниот број на дијагностицирани на коронавирусот во нашата земја од почетокот на епидемијата достигна 10 086, бројот на оздравени пациенти е 5427, на починати е 460, а во моментов активни случаи има 4199.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e