Муцунски призна дека дел од вината за блокадата од ЕУ има минатото раководство на ВМРО ДПМНЕ

-Макрон и Пендаровски успеаа да имаат добар дијалог бидејќи имаме одлична соработка со Франција. Оваа држава предводена од СДСМ ги исполни сите реформски чекори и ги испорача сите резултати кои беа барани од нас. Тоа беше констатирано од сите, па дури и Макрон во неодамнешните интервјуа и денес потврди дека и тој бил за отворање на преговори, но дека нив им треба време. – рече вечерва Дане Талески  советник за надворешна политика на премиерот  Заев во вечерашното гостување во „Само вистина“ на Канал 5.

-Сметам дека не е наша задача да кажуваме која земја е виновна за нашата блокада кон ЕУ. Фокусот треба да го ставиме на домашната задача да станеме посакуван партнер и да има реформски чекори кои се опипливи. – рече меѓународниот секретар на ВМРО ДПМНЕ Тимчо Муцунски, во истата емисија, кој рече дека ова е борба на создавање на вредности, ѕид меѓу политиката и правосудството.
Муцунски призна дека дел од вината за недобивањето датум за почеток на преговорите има и кај раководството од ВМРО ДПМНЕ.

Дел од винатата ја има и минатото раководство на партијата од која потенувам. – призна Муцунски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ