Митовска е против предлогот Делов да биде член на Државниот совет за превенција на детско престапништво

На денешната собраниска седница, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Слаѓана Митовска зборуваше за точката каде се дискутира за член на државниот совет за превенција на детско престапништво при што посочи дека предлогот на владеачката СДСМ, Владимир Делов, за кој, како што рече, од неговото CV може да се види дека освен тоа што е портпарол на министерката Десковска, бил портпарол во министерството за образование како и учесник во Студенскиот пленум и не може да се утврди дека тој е компетентен да биде член во Државниот совет за превенција на детско престапништво.

-За да не се зголемуваат бројките на детско престапништво треба да вградиме односно да вметнеме личности кои се компетентни и кои ја разбираат оваа проблематика се со цел да се намали бројот на деца -учесници во детско престапништво. Ние гледаме дека владата предлага партиски кадри кои освен што учествувале на протести, немаат ниту образование ниту искуство, ниту се компетентни да бидат дел од Државниот советот на превенција на детско престапништво. Ова ни зборува дека Владата воопшто не е заинтерсирана да се спречи и да се намали бројот на деца кои што се учесници во криминални дејствија. Ние гледаме дека имаме наградување на нивните активисти, на нивните пленумци и тоа на места на кои всушност истите нема да дадат значаен придонес и нема да бидат од интерес во советот во кој што ги предлагате, истакна пратеничката.

Таа во своето обраќање кажа дека ќе гласа против предлогот Владимир Делов да биде член на Државниот совет за превенција на детско престапништво затоа што смета дека не е компетентен и неговото учество нема да даде придонес во овој дел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e