За шеф на кабинет на премиерот Зоран Заев е именувана Мирјана Јанева.
Јанева доаѓа од општина Струмица и важи за човек од доверба на премиерот Заев, кој долго време беше градоначалник на Струмица.
Покрај Јанева, избран е и генерален секретар на Владата. Тоа е професорот од правниот факултет, Драги Рашковски.