Минатата недела најголем пораст на заразени тинејџери

Во текот на минатата недела биле тестирани 26.360 ковид-тестови, што е помалку за 20% во однос на претходнитот период. Бројот на новозаразени во време од 7 до 13 февруари се намалил за 13,4% во однос на претходната недела. Најголем број заразени се регистрирани во Скопје, иако заразната инциденца била највисока во Кавадарци.

Во останатите градови е претежно стабилно, без значајни отскокнувања во епидемиолошката крива. Најчесто се заразувале лица над 60 години и од групата меѓу 40 и 49 години, а најмалку децата под 9 години. Најзабележително намалување на бројот на заразени е забележан кај возрасната група од 20 до 39 години, особено кај оние од 20-29 години.
Најголем пораст на заразените е забележан кај лицата меѓу 10 до 19 години. Се намалил и бројот на реинфекции за околу 8% во споредба со претхдната недела, додека пак бројот на починати се намалил за над 30%.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e