СМС-порака со популарна прилепска псовка и испратил поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески на екс-министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска пред парламентарните избори во 2011-та, а денес беше прикажана на судското рочиште за случајот „Титаник“.
Во пораките на овие двајца обвинети се бара побрзо издавање на пасоши за гласачи, како и барање на податоци за гласачи во дијаспората. Во врска со овие податоци Јанакиески ѝ испраќа порака на Јанкулоска со содржина: „Кажи бројки, ебаго“.
Во случајот „Титаник“ на обвинетите им се суди за изборните нерегуларности.
Извор: Фактор