Мијалков сам се пријавил во притвор

Сашо Мијалков, поранешниот директор на УБК, сам се пријавил во притвор без никаква присила, велат од неговиот адвокатски тим, по одредувањето на 30-дневни посебни мерки за обвинетиот во случајот „Таргет Тв рдина“.

– Впрочем дента кога е лишен од слобода се јавил во СЈО на покана на Катица Јанева и ниту планирал ниту превземал дејствија за бегство.- се вели во соопштението на неговите адвокати, кои дополнително пишуваат дека тој немал намера да бега, туку е политички притворен откако поранешниот премиер Никола Груевски објави статус на Фејсбук дека добил азил во Унгарија.

Инаку, за Мијалков медиумите првенствен објавија дека бил спроведен со лисици на рацете од хотелот „Мериот“ од страна на полициските единици „алфи“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e