Мијалков е зад решетки поради опасност од бегство

Поради опасност од бегство на екс директорот на УБК, Сашо Мијалков,  вечерва му е одреден притвор во траење од 30 дена.

Во моментот Мијалков е на пат кон истражниот затвор “Скопје”, а од СЈО не откриваат детали за сомнежите кои ги имале поврзани со наводниот план за бегство на Мијалков.

Притворот на Мијалков му е одреден како обвинет во случајот “Таргет и Тврдина”, односно за нелегалното масовно прислушување. Токму за овој предмет за утре во Кривичниот суд е закажано рочиште, на кое треба да продолжи сведочењето на Ѓорѓи Лазаров, кој заедно со Звонко Костовски, обезбедија докази и ја открија аферата за масовното прислушување.

Мијалков денеска беше во Кривичниот суд, каде што присуствуваше на рочиштето за случајот “Тортура”.

Тој веќе подолг период е без својот пасош кој му беше одземен како мерка на претпазливост.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e