Мицкоски и неговата „јуначка“ дружина не почитуваат ни закон, ни црква, а ни од корона вирусот не се плашат

Мицкоски и неговата јуначка дружина денеска не ја почитуваа законската забрана, а покажаа и непочитување на црковните препораки и апели да се остане дома и за Велигден.

Пред извесно време, Фронтлајн за јавноста откри дека техничкиот министер за внатрешни работи не се појавува на седниците на Кризниот штаб и на Владата. Тоа се двете места каде што секојдневно се носат важни одлуки, често тешки и деликатни, каде што учеството на еден ресор како што се внатрешните работи на државата е извонредно важно. Но наместо во Кризен штаб и во Влада, техничкиот министер за внатрешни поита да се слика на скопскиот аеродром, во близок контакт со странски државјани.

На прашањето од Фронтлајн дали ќе се побара самоизолација од техничкиот, одговорот беше дека протоколите важат за сите. Тој не појде во самоизолација, да се надеваме затоа што здравствените власти сметале дека не бил доведен во опасност. А можеби и не можат да го најдат… И по објавата на Фронтлајн, според нашите извори, техничкиот на МВР се појавува само „чат-пат“, како што ни беше кажано.

Можеби нередовноста на техничкиот на МВР во Кризниот штаб и во Владата доведе до ситуацијата за која денеска се коментира во јавноста: „Пред многу цркви денеска немало полиција, со што легитимно се поставува прашањето дали министерот за внатрешни работи Наќе Чулев ја сработил својата работа во однос на правилно распоредување на припадници на полицијата пред верските објекти или не“, се прашуваат во Центар.мк.

Навистина, во денови кога и Армијата распоредува свои војници да одржуваат ред пред продавници, навистина е симптоматично отсуството на полицијата пред црквите. Изгледа дека првиот човек на техничката влада, Оливер Спасовски, ќе мора сериозно да поразговара со првиот човек во ресорот кој е еден од најзначајните и во нормални услови, а камоли среде вонредна состојба.

Целиот текст на Фронтлајн прочитајте го ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e