Мицкоски бара одложување на изборите

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски преку својот фејсбук профил повика на одложување на предвремените парламентарни избори.

„Денеска ќе повикам на состанок на лидерите на средба со претседателот Стево Пендаровски со точка на агендата, разговори за одложување на предвремените парламентарни избори со цел да се заштити здравјето на граѓаните. Неопходно е да се однесуваме одговорно кон граѓаните и државата. Нема никаква логичка, човечка, рационална или прагматична причина тие да не бидат одложени затоа што за мене, и верувам за другите, борбата за моќ по цена на животот на граѓаните е неприфатлива “ – пишува Мицкоски на фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e