Метар по метар – километар! „Државни патишта“ на терен работат на повеќе патни правци

Метар по метар километар! А за некои населени места овие километри живот значат, порачуваат од Јавното претпријатие за државни патишта.

b

Токму затоа, велат оттаму, во Годишната програма за изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на државните патишта за 2020 година предвидени се средства за услуги за одржување на патиштата.

5

Во таа насока, потпишан е договор со Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта. Во моментов работат на терен на повеќе патни правци:

На патен правец Островија–Црнилиште се врши тампонирање.
На патен правец Бистрица–Рагош и на Кадино село-Мариово се асфалтира.
На патен правец Витолиште-Штавица-Мариово се гребе асфалтот.
На патен правец Таор–Катланово се врши тампонирање.
На патен правец Гостивар-Чајле-Чегране се асфалтира.
На патен правец Крива Паланка-Луке се прави пробивање и тампонирање.
На патен правец Плачковица-Радовиш се асфалтира.
На патен правец Банско–Колешино се асфалтира.

a

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e