Меј побара единство во борбата против руското влијание

Британската премиерка Тереза Меј за време на нејзината посета во земјава ја повика владата да продолжи со реформите и решавањето на проблемите од минатото. Меј му искажа признание на официјално Скопје поради солидарноста околу случајот „Скрипал“ откако нашава држава во март пролетва одлучи да протера руски дипломат и побара единство во борбата против руското влијание.

Ја видовме Русија како делува на Западниот Балкан и околу Европа на разни начини: Преку пропаганда и лажни вести, но и преку сајбер-напади. Последен беше нападот со нервен агенс на улиците на еден град во Велика Британија. Важно беше што сите се сплотивме при отпорот и соочувањето со ова надворешно влијание. Покажаната солидарност од Македонија и другите земји беше важна“, изјави Тереза Меј- премиерка на В. Британија

За време на краткот престој во Скопје Меј се сретна и со собранискиот спикер, Талат Џафери. Ова е втора посета на британски премиер во независна Македонија по посетата на Тони Блер во 1999 година и се совпаѓа со 25 годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу двете земји.

Извор: Алсат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e