Македонски Концепт: На Македонија и требаат пратеници на кои мандатот во Собрание нема да им биде бизнис и печалба

Македонски Концепт преку соопштение денеска предлож пратениците да бидат волонтери во служба на граѓаните.

„Чест е да се претставуваат своите сограѓани, комшии, пријатели и роднини во Собранието и да се донесуваат одлуки во нивно име.

Пратениците – волонтери, со специјален закон, ќе бидат овозможени да користат слободни денови од работните места, кога заседава Собранието. За тие денови ќе им биде обезбеден и организиран превоз или автобуска карта, без никаков надоместок. Исто ќе биде обезбедена бесплатна храна во собранискиот ресторан.

За пратениците кои работат во приватен сектор, државата ќе им надомести дневници на сопствениците на компаниите, кои имаат чест да вработуваат републички пратеник, само за оние денови кога истите се отсутни од работа, поради службени потреби. Оние кои работат во јавен сектор, ќе користат само слободни денови, за кои ќе примаат редовна плата.

Да, човечката алчност нема граници! И покрај сите бенефиции и високи примања, не сите пратеници ја насочија енергијата кон решавање на проблемите на државата и граѓаните, туку обратно, само кон остварување на лични цели!

На Македонија и требаат вистински „народни” пратеници… блиски до граѓаните. Пратеници на кои мандатот во Собрание нема да им биде бизнис и печалба, туку ќе им биде чест и можност да служат на народот!“, велат од партијата на Богојески.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e