Македонија денеска очекува безусловна препорака од ЕК

Дeнеска функционерите на Европската унија ќе ги објават извештаите за напредокот на земјите кандидати. Македонија, очекува да добие безусловна препорака за преговори.

Иако официјално извештаите на Европската комисија за напредокот на земјите кандидати за зачленување во Европската унија ќе бидат објавени доцна попладне, речиси извесно е дека за Македонија ќе добие безусловна препорака за почеток на преговорите.

Неофицијално новинарите кои имаа увид во документот јавуваат дека Македонија ќе добие препорака за отворање на пристапните преговори. Дописникот на Радио Слободна Европа од Брисел јави дека во извештајот се наведува дека се препознава политичката волја за напредок. Во него се предупредува и дека „штетата што се правела години наназад не може да се среди преку ноќ“, но, дека Македонија ја надминала длабоката политичка криза и дека структуралните реформи се долг процес кој може да потрае.

Целиот текст на Радио Слободна Европа можете да го прочитате ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e