Од утре македонските возачки дозволи ќе важат и во оваа земја

Утре, 13 Септември (среда), со почеток во 12.00 часот во Свечената сала во Владата на Република Македонија ќе се одржи свечено потпишување на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Советот на министри на Босна и Херцеговина за заемно признавање и замена на возачки дозволи.

Во име на Владата на Република Македонија, договорот ќе го потпише министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, а во име на Советот на министри на Босна и Херцеговина, министерот за комуникации и транспорт, Исмир Јуско.

На чинот на потпишувањето ќе биде присутен и министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески кој претходно ќе оствари и билатерална средба со Министерот за комуникации и транспорт, на БиХ, Исмир Јуско, во билатералната сала со почеток од 11.00 часот.

Предвидено е министрите да дадат изјави за медиумите веднаш после свечениот чин на потпишувањето во Свечената сала.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e