Лукаревска за „360 степени“: Секој вработен кој помага да се изигра законот ќе биде санкциониран

УЈП се уште работи на случајот со вработената Софче, која ургираше кај колеги да не казнат скопско кафулe.

Директорката на УЈП Сања Лукаревска вечерва во интервју за 360 степени рече дека работата треба да се истера до крај внимателно.

-Во моментов постои постапка. Секој вработен во УЈП кој соработува на ваков начин како што беше претсавен во видеото ќе биде санкциониран. Ние градиме партнерски однос со даночните обврзници, но не и со оние кои сакаат да го изиграат законот, што не издаваат фискални сметки.  -рече Лукаревска.

На прашањето од кои причини вработената го сторила ова Лукаревска вели:

– Претпоставувам поради контакти со познаниците со сопствениците на тоа кафуле. Никогаш нема да ги оправдаме оние кои ги урнисаат елементите на прадва и правичност.

Таа е на своето работно место и ќе видиме каков ќе е исходот. – рече Лукаревска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e