Љупчо Николовски – БРЕНД на Крива Паланка

СДСМ и коалицијата, првиот ден од предизборната кампања за парламентарните избори, ја започнаа од Крива Паланка, во ИЕ 3.

437369798_10228371668010937_6950725820695906199_n

Многу нетипичен настан од повеќе перспективи.

Прво, Крива Паланка навидум е мало гратче, но има огромна симболика зошто кампањата почнува од оваа непобедлива тврдина.

Второ, народот спонтано како река течеше кон збирното место, затоа што сака, а не затоа што мора.

437498693_966065908220579_1125928791196001687_n

Трето, за првпат не видовме тривијален формат во кој главниот лик се удира во гради, јас па јас.

Напротив, за првпат видовме политички настан на кој другите зборуваа за главниот лик и неговите дела.

За Љупчо Николовски – брендот на Крива Паланка.

Дознавме работи кои не сме ги знаеле, го запознавме Љупчо ученикот, министерот, другарот, политичарот…

Ѓунер Исмаил, поранешен министер во Владите на СДСМ, ни откри дека Љупчо го запознал како слушател на школа за политика. Го памети како исклучителен човек со кој се гордеат и го паметат и ден денес.

gjuner ismail

“Беше заменски министер, па министер за земјоделство. Го загатна, го започна процесот на воспоставување министерство коe ќе се грижи за нешто многу важно, а тоа е доброто владеење и во таа смисла во сите тие точки во кои што се најде со ангажман, тој тоа го правеше онака како што доликува за неговиот лик, карактер и образование – пристојно, културно, со максимално водење сметка за тоа да не се изместат стандардите на политиката во модерна смисла.

Јас сакам да живеам во Македонија која ќе ја водат ликови како Љупчо и ќе бидат на позиции кои се најодговорни за нашиот вкупен живот.” – изјави Исмаил во снимениот видео-материјал.

Александар Трајановски, директор на ТОАРИЛУЦ ни откри дека Љупчо го запознал на најсрамниот ден во политичката историја на нашата држава, на крвавиот 27 април. Меѓу другото, откри дека таа средба прераснала во пријателство за цел живот:

“Оттогаш, па до денес сме неразделни пријатели. Човек кој доколку го немаше, требаше да го измислиме.

trajanovski

Да имаше повеќе луѓе како Љупчо Николовски, ќе беше Монте Карло. Чист пример е Крива Паланка, чист пример е цел тој дел каде несебично се бореше и се надевам дека ќе се бори и понатака за да го направи тој крај привлечен и тие луѓе таму да останат. Тој целиот свој живот, па и целата своја кариера ја посвети на нашата држава, на Крива Паланка, на источниот крај и мислам дека е дефинитивно вистински избор.” – рече Трајановски.

Ѓорѓи Спасов, поранешен генерален секретар на СДСМ и поранешен министер во Владите на СДСМ рече дека при првата средба со Љупчо сфатил дека е човек кој во политиката влегува со огромна страст и умеење.

Или како што вели Спасов:

“Неприродно за млад човек забележав колку е работлив, љубезен, амбициозен и како успева со својата воспитаност да воспоставува односи на соработка и пријателство со сите околу себе. Не е човек што се удира во гради и зборувa како ја брани Македонија од замислени непријатели.”

spasov

Во однос на неговата професионалност и посветеност додаде дека Николовски секогаш работел упорно, вредно, систематски и чесно на сите функции кои ги обавувал.

“Како министер за земјоделство успеа Македонија да ја направи држава која  извезува најголема количина вино од сите земји во регионот, после Грција.

За разлика од многу фалбаџии, Љупчо Николовски успеа да привлече голема сума пари од европските фондови и тие пари да ги подели чесно и непристрасно на сите на кои им беше потребно. Се сеќавам на средбите со земјоделците со какво почитување гледаа во него. Со каква љубезност тој им објаснуваше што треба да направат за да ги добијат тие пари.

Тој е човек кој секој би сакал да го има за пријател, за другар, за брат, затоа што плени со својата учтивост, а со својата љубезност и насмевка создава атмосфера на пријателство и доверба.” – наведе Спасов.

И можеби најемотивниот дел за сите присутни во салата беше обраќањето на Слободанка Младеновска, првата учителка на Љупче (како што го нарекува таа):

“Септември, првиот училиштен ден. Во мојата училница се прибираа првачињата. Го слушав нивниот детски брезгрижен џагор. Тука беше и мојот Љупче. Скромно, мирно, дете со срамежлиа насмевка и со 1000 прашања.

slobodanka

Сакаше да им помага на своите другарчиња, но и ден денес тој му помага на секого што ќе побара помош од него. Имаше лидерска способност, а и денес е голем лидер. Во училницата ја сакаше тимската работа, а сега го почитува мислењето на секој член од својот тим. Ја прима секоја добронамерна критика, критикува и е самокритичен.” – со многу емоции раскажа денес пениознираната просветна работничка.

Или како што би рекла неговата другарка, сопартијка  и коносителка во ИЕ3, Сања Лукаревска: “Љупчо е бренд на Крива Паланка”.

Своите позитивни искуства со Николовски како министер ги пренесоа и Мирјана и Валентина, мали производители на храна.

Сите изјави во целост на видеото подолу:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e