Ковачевски: Постигнавме договор – минималната плата ќе изнесува 18 000 денари

Среќен сум и задоволен што можам да соопштам дека постигнавме договор и со Сојузот на синдикати и со работодавачите‼️, истакна премиерот Димитар Ковачевски.

„80.000 наши сограѓани, работници во различни индустрии, почнувајќи од мартовската плата ќе земаат најмалку 18.000 денари. Оваа сума, означува раст на нето платата на овие работници за околу 45 евра месечно, напиша премиерот Димитар Ковачевски.
Ветивме и реализираме мерки кои директно го помагаат животниот стандард. Во исклучително кризна година, година на европски и светски кризи, остануваме фокусирани на финансиска поддршка на граѓаните“, порача Ковачевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e