Ковачевски: Најавувам битка против клиентелизмот

Доцна синоќа во седиштето на СДСМ, новоизбраниот претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски го доби мандатот од Извршниот одбор на партијата за нов мандатар. На седницата беа избрани и нови членови на највискокото партиско ракводство. Во своето обраќање по седницата, Ковачевски најави борба со вантрепартискиот клиентелизам и вети чесно и отчетно работење на сите членови на Владата и партијата.

„Започнуваме процес на целосно отфрлање на внатрепартискиот клиентелизам. Ова е предизвик на кој СДСМ сериозно ќе работи и ќе биде предводник во отфрлање на клиентелизмот во секој сегмент од општественото работење“. – рече Ковачевски.

Тој стави посебен акцент на реализација на ветеувањата и ефикасно работење, но и чесност и отчетност. Ковачевски рече дека не е доволно само да се прават реформи и нови закони туку сите политичари со пример да покажат дека ги почитуваат законите и одговараат пред јавноста.

„Одлики на новото раководство ќе бидат: Одговорност, ефикасност во спроведување на ветеното, чесно работење и отчетност. Со личен пример да покажеме што значи правна држава, а не само со реформи и нови закони“. – рече тој.

Ковачевски најави суштински промени во курсот на комуникација со граѓаните и членството. Рече дека СДСМ е партија која мора да биде многу поприсутна меѓу граѓаните и дека секој функционер ќе биде присутен меѓу оние кои му ја дале довербата. Според Ковачевски само со постојан контакт со реалните проблеми на терен функционерите ќе можат да понудат соодветни решенија и политики.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e